Спирулината е најкомерцијално култивирана модро-зелена алга за употреба како храна од дамнешно време. Шпанците ги набљудувале Ацтеките како ја употребуваат во нивната исхрана. Домородските народи околу езерото Чад во Африка се уште ја јадат “dihe”, како што тие ја нарекуваат. Таа за прв пат комерцијално е продавана како храна во раните осумдесети и оттогаш таа стана популарна како здрава храна за енергија. Таа денес се користи како храна во повеќе од 75 земји низ целиот свет.
Исхраната на современиот човек е преполна со осиромашена и обработена храна. Многу луѓе дополнително ја збогатуваат исхраната со витамински и минерални препарати. Hawaiian Spirulina се нарекува суперхрана затоа што во себе содржи поголема лепеза состојки од било која друга храна или растение. Овие хранливи и фитохемиски материи ја чинат Hawaiian Spirulina комплетна замена за било кој изолиран витамински препарат.
– Протеини и аминокиселини
– Витамини и минерали
– Есенцијални масни киселини
– Фитонутриенти
Уживајте во Hawaiian Spirulina секојдневно!
Спирулината едноставно е неверојатен извор на храна, која што е консумирана најразлично низ историјата од многу човечки култури. Практиката на сегашното ниво на производство на храна и деградацијата на околината, ја прави идеална за одгледување.
Hawaiian Spirulina е концентрирана храна
Hawaiian Spirulina дава 20 пати повеќе протеини по една акра отколку сојата! Таа се состои од 70% протеин (споредено со 22% кај говедското месо), 5% масти (добри масти) и нема холестерол (таа е растение). Hawaiian Spirulina содржи големо количество на витамини од Б групата (особено Б12, кој е неопходен во исхраната на вегетеријанците). Оваа чудесна храна содржи 8 есенцијални амино киселини (плус 10 од 12 не-есенцијални амино киселини), масни киселини (вклучувајќи ја ГЛК), дигестивни ензими и и пигментите хлорофил, порфирин и фикоцианин. Најдобро од се е што само 10 грама Hawaiian Spirulina има само 36 калории, со што ја прави ниско калорична храна. Hawaiian Spirulina содржи природна комбинација на минерали: калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо.
После долготрајно човечко и животинско консумирање и континуирано интензивно истражување, ја потврдуваат не само сигурноста на Hawaiian Spirulina, туку и нејзините полезности. Има долга историја на истражувања од страна на многу престижни научни институции дека е сигурна и хранлива.
Организацијата на ОН за индустриски развој (UNIDO) изврши петгодишна токсиколошка студија за Hawaiian Spirulina и дојде до резултати дека е сигурна, нетоксична храна, и посебна студија “ја препорача како можно решение за светската криза за храна и глобалниот недостиг на протеини”.
Универзитетот во Харвард направи истражување со екстракт од Hawaiian Spirulina со извонредни резултати. NASA има направено обемни истражувања за употребата на алгите како храна за вселенските патувања, и ја избра Hawaiian Spirulina меѓу 1 300 вида на модро-зелени алги со кои го започна истражувањето.
Сигурната употреба, нутритивната моќ и здравствените полезности на употребата на Hawaiian Spirulina се историски. Земањето Hawaiian Spirulina како храна, навистина може да го промени Вашиот живот.
Hawaiian Spirulina се одгледува на Хаваи во најнапредните водени фарми на светот. Hawaiian Spirulina е селектиран вид на Arthrospira plasentis развиван многу години на култивирано одгледување на Хаваи. Културите на Хаваи ја преставуваат најстарата континуирано одлгледувана и собирана Спирулина во светот. Условите за растење на Хаваи низ целата година и интегрираниот менаџмент систем на одгледување, го прават тоа возможно. Најсончевата крајбрежна локација во САД обезбедува идеални годишни температури и 12 месечна сезона на одгледување. Преку 10 години (3 500 генерации), Hawaiian Spirulina се адаприрала на интензивното хавајско сонце, создавајќи највисоки нивоа на мешани каротеноиди од било која друга Спирулина во светот. Се култивира во долги, плитки мали езерца исполнети со свежа вода дополнета со нутриенти од длабочините на еден од најдлабоките, најчистите океани на планетата, и на чистиот воздух на далечните Хавајски Острови. Лопатките нежно ја мешаат водата, обезбедувајќи подеднакво изложување на алгата на сонце за оптимален раст и нутритивна вредност. Hawaiian Spirulina напредува во овие идеални услови, растејќи неколку пати побрзо отколку во дивината.
Култивираната Hawaiian Spirulina се собира секои 3 дена. Собирањето е поедноставно во однос на другите алги, поради долгата, влакнеста форма на Hawaiian Spirulina која не бара центрифугирање. Веднаш по собирањето, таа се просејува низ филтри и се измива неколку пати со свежа вода, осигурувајќи чист производ со свеж, несолен вкус.
Единствено хавајската Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод, наречен Метод на океанско ладно сушење. Овој метод, комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка, како и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен бета каротенски производ.
Податоците од независни лаборатории ги потврдуваат значително повисоките нивоа на бета-каротен, отколку кај алгите сушени на било каков друг метод, вклучувајќи го и сушењето со замрзнување.
Уметноста и науката за одгледување Hawaiian Spirulina во контролирана, чиста околина се разви преку балансирано партнерство помеѓу природата и технологијата на водено фармерство. Со употреба на свежа и океанска вода, на најсончевата локација, чиста околина и најнапредни методи на одгледување, научниците успеаа да развијат супериорен вид на 100% чиста и култивирана Hawaiian Spirulina.
Hawaiian Spirulina е интензивно испитувана од молекуларните биолози на Универзитетот во Хаваи. Hawaiian Spirulina е високо апсорбирачки извор на протеини, мешани каротеноиди и други фитонутриенти, Б-витамини, ГЛК и есенцијални амино киселини.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Едноставно кажано, Hawaiian Spirulina е најконцентрирана комплетна храна и извор на:
- Протеини (60-70%)
- Сите 10 хранливи Есенцијални амино киселини – вкупно 20 амино киселини, во синергетска рамнотежа
- Б12 – најголем извор на човечки активен Б12 на Земјата
- Бета-каротен и мешани каротеноиди – извонредно високи природни концентрации
- Целосен спектар на антиоксиданти – од фитонутриенти, пигменти и природни витамини
- Фикоцианин – највисока концетрација на овој моќен, син, имуно-стимулативен протеин
- ГЛК – природна форма
- Есенцијални масни киселини – најпотребните Омега 3 и 6 Есенцијални масни киселини
- Хлорофил
- Целосен спектар на витамини – повеќе од било која друга поединечна храна, во балансирани количини
- Океански извор на минерали и разноликост на елементи во траги
- СОД – извонредно високо ниво на антиоксидантниот ензим, супероксид дисмутаза
- Високи нивоа на мукополисахариди во мекиот клеточен ѕид – материјали за гликопротеинските комплекси
- Не содржи холестерол и скроб, многу малку натриум и калории – високо енергетска храна
Како да земате
Hawaiian Spirulina?
Дози на таблети
Возрасни: 3-6 таблети дневно
Деца: 1-3 таблети дневно
Ако штотуку започнувате да земате Hawaiian Spirulina, изградете ја дозата постепено:
– Првите два дена земајте по 1 таблета дневно.
– Наредните два дена земајте по 2 таблети дневно.
– Наредните два дена земајте 3 таблети дневно, итн., се додека не ја постигнете потребната доза од 3-6 таблети днавно.
– Земајте ги таблетите со вода непосредно пред оброците.
– Може да ја земате дневната доза целосно наутро или поделена во текот на денот.
– Подобро е да не се зема Hawaiian Spirulina навечер. Инаку ќе бидете многу активни кога ќе сакате да спиете. Тоа секако е решение ако треба да работите доцна во ноќта или ако треба да одите на забава.
– Совет: Пијте многу вода секој ден. Ова го одржува Вашиот природен процес на чистење.
Hawaiian Spirulina е комплетно природен извор на храна. Можете да ја земате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци без проблеми.
Не се познати никакви споредни ефекти на Hawaiian Spirulina.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Блог